Click here for search results

Светска банка и Република Македонија ги здружуваат силите во борба против влијанијата на климатските промени врз земјоделството

Available in: English 

Светска банка ќе соработува со Владата на програма за климатски промени и земјоделство

 

Светска банка, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, како и Министерството за животна средина и просторно планирање на Република Македонија ги здружија силите во насока на намалување на ранливоста на фармерите од климатските промени. Со програмата се предвидува извршување на детална анализа на влијанијата на климатските промени врз земјоделството, и идентификување на мерки за прилагодување кои би биле реални за земјата. Оваа програма ќе биде управувана од страна на Светска банка и поддржана со околу 350.000 УСД во вид на грантови од Светска банка, партнерството помеѓу Светска банка и Холандија, и фондот за еколошки и социјално одржлив развој.
Sutton
Вилијам Сатон, Светска Банка, при неговата презентација "Климатски промени и земјоделие во Македонија"
Земјоделството е исклучително ранливо на климатски промени. Република Македонија веќе ги чувствува ефектите на се поголемите климатски промени, со зголемени температури, почви кои се сушат, и настани како што се суши и поплави. Понатаму, климатските проекции за во иднина предвидуваат потопла, посува и попроменлива клима во најголемиот дел од земјата. Овие промени можат да имаат значително влијание врз фармерите во земјата, и ја нагласуваат потребата за развивање и спроведување на активности за зголемување на отпорноста на земјоделството во однос на климатските ризици. Освен намалување на ризиците поврзани со идните загуби на продуктивноста во еден од клучните сектори на економијата, со оваа програма исто така се унапредуваат целите на земјата за интеграција во ЕУ.
Workshop
Национална работилница за подигање на свеста и консултации во однос на климатските промени, Александар Палас во Скопје

Kако што рече Вилијам Сатон, виш економист зa земјоделие на Светската банка и раководител на проектот: „Да помагаме на земјите да се подготват за климатските промени е еден од глобалните приоритети на Светска банка, а бидејќи земјоделството е многу важно и многу ранливо во однос на климатските промени, ќе ја поддржиме Владата и фармерите во насока на развивање на поотпорно земјоделство.

Програмата официјално започна на 12 мај, 2010 година со национална работилница за подигање на свеста и консултации во однос на климатските промени, која се одржи во Александар Палас во Скопје. Целта на работилницата беше да се споделат информации и искуства за влијанијата на климатските промени врз фармерите во земјата. Во претстојните месеци, Светска банка ќе ја поддржи Владата и националните институции во прилагодувањето на земјоделските политики, програми, и инвестиции кон климатските промени. Со заеднички напори на национални експерти и тим од светски признати експерти од Европа и Северна Америка ќе се спроведе деталната анализа и ќе се изготват изводливи и економични мерки за прилагодување. Овој напор е исто така поддржан и од страна на други партнери, поконкретно СИДА од Шведска и Норвешка, и придонесува кон спроведување на напорите за поддршка на економски раст кој е побрз, позелен и посеопфатен.

Еден од резултатите на оваа програма ќе биде мени на можни мерки за прилагодување скроени во согласност со конкретните потреби на фармерите во секоја од областите на Македонија посебно. Освен тоа, се предвидува организирање на регионална работилница за размена на знаења во соработка со други земји од регионот на Европа и централна Азија со цел да се споделат искуствата и резултатите и да се испита просторот за поголема соработка.

Презентации на англиски јазик:

CN Macedonia May2010 

Ana Iglesias Adaptation to Climate Variability and Change in Agriculture EN 

Jim Neuman Proposed Methodology and Action Plan to Develop the Impact Assessment and Menu of Adaptation Options for Macedonia 

Theme 1 Topic 1 EN Teodora Obradovic-Grncarovska 

Theme 1 Topic 2 EN Nadica Dzerkovska Climate Change and the Sustainable Agriculture Development Policy of Macedonia 

Theme 1 Topic 3 EN Pece Ristevski 

Theme 2 Topic 1 EN Dusko Mukaetov_Updated 

Theme 2 Topic 2 & 3 EN Institute of Agriculture, Department of Soil Science and Plan Nutrition 

Theme 2 Topic 4 EN Sreten Andonov 

Theme 2 Topic 4 EN Zoran Dimov The Impact of Climate Variability and Change on Crop Production 

Theme 3 Topic 1 Jasminka Taseva-Jankovic Water Resource Availability, Management and Use, and Potential Measures to Enhance 

Theme 3 Topic 2 EN Ordan Cukaliev & Vjekoslav Tanaskovic 

Theme 3 Topic 3 EN Marija Gjoseva-Kovacevic 

William Sutton Climate Change and Agriculture in Macedonia EN_Final 

 

Презентации на Македонски јазик:

DRAFT COUNTRY NOTE Macedonia May 12, 2010 MK 

Ana Iglesias Adaptation to Climate Variability and Change in Agriculture MK 

Jim Neuman Proposed Methodology and Action Plan to Develop the Impact Assessment and Menu of Adaptation Options for Macedonia 

Theme 1 Topic 1 MK Teodora Obradovic-Grncarovska 

Theme 1 Topic 2 MK Nadica Dzerkovska Climate Change and the Sustainable Agriculture Development Policy of Macedonia 

Theme 1 Topic 3 MK Pece Ristevski 

Theme 2 Topic 1 MK Dusko Mukaetov 

Theme 2 Topic 2 & 3 MK Institute of Agriculture, Department of Soil Science and Plan Nutrition 

Theme 2 Topic 4 MK Sreten Andonov 

 

 




Permanent URL for this page: http://go.worldbank.org/41B9S9U9D0